24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраинскиот БДП оваа година со пад од 12 проценти

Украинскиот БДП оваа година со пад од 12 проценти

ukraina1sdfdsdsfdsgdgdgdg

Бруто домашниот производ (БДП) на Украина оваа година ќе падне 12 проценти, проценува Светска банка (СБ) во најновата анализа, која е полоша од априлската каде беше прогнозиран пад од 7,5 проценти.

Инфлацијата во 2016 година ќе изнесува 23,4 проценти, со оглед на зголемувањето на данокот на имот, изјави економистот од Светска банка за Украина, Анастасија Головач.

СБ очекува дека надворешниот долг на Киев ќе достигне 153 проценти од БДП оваа година, а 134,2 проценти догодина.

Укрианскиот БДП во третиот квартал од оваа година е зголемен за еден процент во однос на претходниот квартал и земајќи ги во предвид сезонските фактори, изјави Головач.

„Во споредба со претходниот квартал и со пресметаните сезонски фактори нашите податоци се во согласност со неодамна објавените податоци на Народната банка на Украина“ вели таа.

Падот на БДП на Украина во вториот квартал од 2015 година е забавен на 4,6 проценти на годишно ниво, по намалувањето од 17,2 проценти во првиот квартал.

Украинската влада разгледува три сценарија за развој на економијата на Украина, според кои падот на БДП на земјата се очекува на ниво од 11,9 до 5,5 проценти.

Според прогнозите на ММФ и ЕБОР, БДП на Украина оваа година ќе падне за девет проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП