18 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСилен раст на Волстрит на почетокот од седмицата

Силен раст на Волстрит на почетокот од седмицата

berza-bura

На Волстрит цените на акциите во понеделникот силно пораснаа, бидејќи вложувачите се убедени дека американската централна банка ќе го одложи зголемувањето на катните стапки до идната година.

Во понеделникот индексот Dow Jones скокна за 1,85 отсто, на 16.776 поени, додека индексот S&P 500 порасна за 1,83 проценти, на 1.987 поени, а индексот Nasdaq се зголеми за 1,56 отсто, на 4.781 индексен поен.

Во сите 10 сектори од S&P 500 индексот во понеделникот цените на акциите пораснаа, а меѓу најголемите добитници, со раст од речиси 3 отсто, беа акциите во енергетскиот сектор, благодарејќи на растот на цените на нафтата.

Со тоа е продолжен подемот на индексите од петокот, кога цените на акциите силно пораснаа, бидејќи послабите од очекуваните показатели од американскиот пазар ги поттикнаа надежите дека американскaта централна банка Federal Reserve (Fed) нем до крајот на годинава да го зголеми каматите.

Американската централна банка неодамна го одложи зголемувањето на каматните стапки поради состојбите во глобалната економија, особено во кинеската, втората според обемот во светот. Меѓутоа, последните денови челниците на Fed порачуваа дека до крајот на годината, сепак, би можеле да ја зголемат цените на парите, зависно од економските показатели.

Но, по извештајот за вработувањето во САД во петокот, инвеститорите не веруваат во тоа. Само 31 отсто од анкетираните трговци очекуваат зголемување на каматите од Fed во декември, додека пред споменатиот извештај тоа го очекуваа 44 проценти. Тоа би значело дека клучните каматни стапки на Fed, кои од јуни 2006 година, се движат блиску нулата, уште некое време може да останат на рекордно ниските нивоа. А евтините пари со години го поддржуваат растот на цените на акциите.

Иако слабост раст на вработеноста покажува дека забавувањето на растот на светската економија почнува негативно да влијае и врз американската, инвеститорите тоа го занемарија во надеж дека ниските камати и натаму го поддржуваат пазарот.

И додека уверувањето на инвеститорите дека Fed нема оваа година да ги зголеми каматите следните денови може да го поддржи пазарот, на него лошо би можело да влијае сезоната на објавувањето на кварталните деловни резултати од компанијата, која почнува на крајот од седмицата.

Бидејќи поради ниските цени на нафтата, високиот курс на доларот и слабеењето на побарувачката во светот, добивката на американските компании би можела да падне првпат од глобалната финансиска криза во 2008 година. Во анкетата на Reuters аналитичарите проценуваат дека добивките на компаниите од составот на индексот S&P 500 во третиот квартал паднала за 4,2 отсто во однос на истиот минатогодишен период. Се очекува, исто така, пад на приходите на компаниите, и тоа за повеќе од 3 отсто на годишно ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП