7 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВнимавајте на овие бројки кога купувате овошје

Внимавајте на овие бројки кога купувате овошје

banane-1

Не гледајте само дали овошјето е свежо или зрело, туку погледнете ги и ознаките и налепниците, доколку купувате овошје кое не е од локално производство.

Живееме опкружени со разни отрови, кои ги има и во храната. Затоа, обидете се колку што можете да ги избегнете.

Кога купувате овошје од извоз, погледнете ги брoјките на налепниците: ако има четири бројки кои почнуваат со 3 или 4, тоа значи дека овошјето е одгледано според земјоделските правила кои важат во повеќето земји, а тоа значи дека производителот најверојатно користел вештачко ѓубриво, ги прскал производите за да ги заштити од штетници и сл, пишува „Healthy Food House“.

Ако овошјето кое сакате да го купите има пет бројки од кои првиот е 8 – тоа значи дека тоа е генетски модифициран производ – ГМО. Значи, вратете го веднаш назад на полицата во супермаркетот.

Ако овошјето има пет бројки, а првиот е 9 – станува збор за здрав продукт, од органско производство, одгледан на стар, традиционален начин, без ѓубриво и пестициди. Несомнено тоа е најдобрата опција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП