9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАS&P го потврди кредитниот рејтинг на Конго

S&P го потврди кредитниот рејтинг на Конго

Standard

Агенцијата за кредитен рејтинг „Standard & Poor’s – S&P“ ја потврди оценката за кредитниот рејтинг на Република Конго – B/B, со стабилна перспектива.

Во извештајот на S&P како причина за таквата одлука се наведува очекуваниот просечен раст од 2015 до 2018 година да биде малку под пет проценти, благодарение пред се на отворањето на нови нафтени наоѓалишта.

Стабилната среднорочна и долгорочна перспектива за економијата на Конго е последица од очекуваниот позитивен економски раст и намалувањето на буџетскиот дефицит.

Во извештајот, сепак, се напоменува преголемата зависност на економијата на Конго од нафтата чија цена од 2014 година се намали за 50 проценти.

S&P е загрижена поради слабоста на институциите, ограничената монетарна флексибилност и нискиот БДП по глава на жител и неизвесноста околу наследниците на претседателот Дадоу Нгуеса.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП