21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголемите американски компании чуваат 2.100 милијарди долари во даночните раеви

Најголемите американски компании чуваат 2.100 милијарди долари во даночните раеви

image-842249-mmo_panoV9-kfud

Најголемите 500 американски компании, меѓу кои Apple, Microsoft, GE и Pfizer, чуваат повеќе од 2.100 милијарди долари акумулирана добивка во странство, за да избегнат оданочување во САД, а доколку ги повлечат тие пари во земјата, ќе мора да платат 620 милијарди долари данок.

Студијата, што во вторник ја објавија две непрофитни организации, покажува дека речиси три четвртини од компаниите од листата на Fortune на 500 најголеми американски компании според приходите имаат подружници во даночните засолништа, како што се Бермудите, Ирска, Луксембург и Холандија.

Најмногу, 181 милијарда долари во странство држи Apple, и тоа во три подружници. Доколку се обиде овие пари да ги врати во САД, ќе мора да плати данок во висина од 59,2 милијарди долари.

Конгломератот General Electric(GE) чува во странство 119 милијарди долари во 18 подружници, а следува софтверскиот гигант Microsoft со 108 милијарди во пет подружници, додека најголемата светска фармацевтска компанија Pfizer во 151 подружница во странство држи 74 милијарди долари.

„Најмалку 358 компании или речиси 72 отсто од листата на Fortune 500 најголеми, имале подружници во даночните засолништа на крајот на 2014 година. Вкупно имале најмалку 7.622 подружници“, се наведува во студијата на Центарот за даночна правда и Фондот за истражување на јавниот интерес.

Компаниите од листата на Fortune 500 држат повеќе од 2.100 милијарди долари акумулирана добивка во странство за да избегнат плаќање на данок во САД, при што само 30 од нив држат 1.400 милијарди долари или 65 отсто од вкупниот износ, се наведува во студијата.

Се проценува дека 57 компании од таа листа би требало да платат 184 милијарди долари данок во САД доколку не ги чуваат парите во странство. Во студијата се наведува уште и дека тие компании во странство плаќаат околу шест отсто данок, додека во САД стапката на одданочување би била 35 отсто.

„Конгресот може и би требало да преземе порешителни потези за да ги спречи компаниите да ги користат даночните засолништа, што би ја повратило правичноста во даночниот систем, би го смалило дефицитот и би го подобрило делувањето на пазарот“, се заклучува во студијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП