20 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСообраќајот се одвива по суви коловози

Сообраќајот се одвива по суви коловози

soobrakajotkja

Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива по суви коловози. Продукциската куќа “CHIC FILMS” и Мануфактура Продукција известуваат дека обиколницата околу Скопје ќе биде затворена за сообраќај за потребите на снимањето на францускиот филм “A FOND” до 10.10.2015, во време од 05:00 часот до 18:00 часот.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП