12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција нема да ја намали цената за приватизација на 14 аеродроми

Грција нема да ја намали цената за приватизација на 14 аеродроми

m aerodrom

Грција нема да ја намали цената што ја бара од германската компанија „Фрапорт“ за приватизација на некои аеродроми во земјата, јави Reuters, повикувајќи се на изјава на началникот на грчката агенција за приватизација.

Владата го избра „Фрапорт“ и нејзиниот грчки партнер „Копелузос“ во рамките на тендерот за стопанисување на 14 аеродроми во туристичките места.

„Фрапорт“ се согласи да плати 1,2 милијарди евра за 40 годишна концесија на аеродромите во популарните туристички места, вклучително и на островите Крф и Миконос.

Началникот на агенцијата рече дека зделката ќе биде потпишана за определената цена. Коментарот следеше откако во медиумите се појави информација дека вработени во „Фрапорт“ посетиле некои од аеродромите во рамки на напорите на компанијата да ја намали вредноста на договорот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП