17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНедела на централните банки

Недела на централните банки

A 100 Australian dollar note (R) is displayed with other foreign currencies in Sydney on May 26, 2010. The plunge in the Australian dollar, which has hit nine-month lows, is due to traders selling down the local currency amid recent sharp falls on the share market and fresh concerns about the stability of Europe's financial system.  AFP PHOTO / Torsten BLACKWOOD        (Photo credit should read TORSTEN BLACKWOOD/AFP/GettyImages)

Во наредните пет дена инвеститорите нема да имаат многу прилики за немири. Во среда тие ќе се фокусираат над протоколите од седницата на Федералните резерви од септември, кога централната банка одлучи да го одложи зголемувањето на каматите.

Покрај тоа ќе се одржат седници на централните банки во Јапонија, Австралија и Велика Британија, на кои исто така ќе се внимава.

Во понеделник, 5-ти октомври, берзите во континентална Кина ќе останат затворени поради националниот празник. Велика Британија ќе ги објави податоците за активностите во секторот на услугите. Во Брисел пак ќе има средба на Еврогрупата – Министрите за финансии од земјите членки на еврозоната.

Во САД, Институтот за менаџмент на доставите (ISM) ќе ги објави податоците за секторот на услугите.

Во вторникот, 6-ти октомври, Нов Зеланд ќе ги претстави последните анкети за довербата на бизнисот во приватниот сектор. Берзите во континентална Кина повторно ќе останат затворени.

Централната банка на Австралија (Reserve Bank of Australia) ќе објави дали ќе го промени нивото на основната каматна стапка и ќе објави изјава за економските услови и фактори кои влијаат на монетарната политика. Покрај тоа, властите во земјата ќе ги објават податоците за трговскиот биланс.

Во Еврозоната, Германија ќе ги објави индустриските набавки, а Еврогрупата ќе продолжи со дводневниот состанок во Брисел.

САД и Канада исто така ќе ги дадат податоци за трговските биланси, а претседателот на Европската централна банка Марио Драги ќе држи говор на настан во Франкфурт.

Во средата, 7 октомври, централната банка на Јапонија (Bank of Japan) ќе објави дали ќе ја промени главната камата и ќе објави изјава за економските услови во земјата.

Швајцарската централна банка (Swiss National Bank) ќе ги презентира податоците за своите резерви во странска валута, а Велика Британија ќе ги објави податоците за индустриското производство.

Во четвртокот, 8 октомври, Јапонија се очекува да ги прикаже податоците за тековната сметка и за основните нарачки на машини.

Централната банка на Англија (Bank of England) ќе ја објави одлука за својата монетарна политика, како и протоколот.

ЕЦБ исто така ќе го претстави извештајот од последната средба.

Гувернерот на „АЦБ“, Марк Карни ќе зборува за време на настанот во Лима.

Во САД ќе бидат поднесени неделните податоци за првичните молби за помош при невработеност, а ФЕД ќе ги прикаже записниците од состанокот од септември.

Во последниот ден од работната недела (петок), Британија ќе ги објави податоци за трговскиот биланс, а САД ќе ги прикаже податоците за увозните цени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП