22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветска банка ги намали прогнозите за економски раст на Источна Азија

Светска банка ги намали прогнозите за економски раст на Источна Азија

east asia

Поради забавувањето на кинеската економија, Светска банка ги намали прогнозите за раст на економијата на Источна Азија.

Од финансиската институција очекуваат растот во регионот да изнесува 6,5% во оваа и 6,4% во следната година, во споредба со претходните нејзини очекувања за пораст од 6.7%.

Оваа прогноза е далеку помала во споредба со онаа од пред една година за раст на економијата на Источна Азија од 6.8%. Во минатиот месец од Азиската банка за развој предвидува забавување на економиите во развој во Азија до 5,8%.

Од ММФ предупредија во септември дека забавувањето на растот на кинеската економија ќе биде значителна пречка за развојот на светската економија во оваа година.

„Растот на Источна Азија се очекува да забави поради ребалансот на кинеската економија и очекуваната нормализација на монетарната политика на ФЕД. Ако економијата на Кина продолжи да се забавува, тогаш ефектот ќе биде почувствуван и во останатите региони, особено во земјите чии економии се силно врзани со онаа на земјата во однос на инвестициите и туризмот“, се вели во извештајот на Светска Банка.

Од СБ предвидуваат растот на кинеската економија да изнесува 6,9% во оваа и 6,7% во следната година, во однос на досегашните очекувања за зголемување на растот од 7,1 и 7%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП