28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочнува Светската недела на детето под мотото ‘Сите деца со исти права!...

Почнува Светската недела на детето под мотото ‘Сите деца со исти права! За подобро утре!’

деца-децата

По повод Светската недела на детето, Коалицијата на младински организации СЕГА од понеделникот 5-ти до 11-ти октомври ќе реализираат повеќе локални акции создадени од четириесет и две деца од различни националности од Прилеп, Тетово, Теарце, Струмица, Куманово и Кавадарци.

Овие деца беа дел од вториот Летен камп 2015 во Струга, во рамките на проектот „Промоција на детски права и интеркултурна комуникација”. Заедничкото живеење, активностите и интеркултурната размена кои беа дел од кампот имаа за цел да обезбедат квалитетно интеркултурно искуство на децата и исто така да ги научат начините и методи со кои можат да ги промовираат детските права и интеркултурната комуникација. Активностите кои ќе се спроведуваат се дел од кампањата „Сите деца со исти права! За подобро утре!“

Овие активности се организираат во состав на проектот „Промовирање на детските права и интеркултурната комуникација“, кој го имплементираат во партнерство, Коалицијата на младински организации СЕГА, Совет за превенција од малолетничка деликвенција (СППМД) – Кавадарци, Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) – Скопје, Мајка – Куманово, и Центар за едукација и развој – Теарце, а со поддршка на Детската фондација „Песталоци“.
Распоред на локални акции дел од кампањата, „Сите деца со исти права! За подобро утре!“

Скопје
05 октомври – Инфо Ден, Плоштад „8ми Април“, Шуто Оризари, 13 00 15 00ч.
07 и 08 Октомври – Врснички Едукативни Работилници за правата на децата и интеркултурната комуникација, ООУ „Браќа Рамиз и Хамид“ и ООУ „26 Јули“ 12 00 – 14 30ч
10 Октомври Ревијален интеркултурен натпревар – Спортски Центар наспроти Општина Шуто Оризари, 13 00- 14 00
10 Октомври Интеркултурен настан за учесниците од фудбалскиот натпревар 14 00 – 17 00ч. Пицерија Сенада

Куманово
05 Октомври Врснички Едукативни Работилници за правата на децата и интеркултурната комуникација – 12 часот, ОСТУ „ Наце Буѓони“;
06 Октомври Врснички Едукативни Работилници за правата на децата и интеркултурната комуникација – 12 часот, Гимназија „Гоце Делчев“
07 Октомври, Врснички Едукативни Работилници за правата на децата и интеркултурната комуникација – 12 часот, ОСУ „ Перо Наков“;
08 Октомври – Спортски натпревар, ОСТУ „Наце Буѓони“,12 часот,
09 Октомври – Настан: „Сите деца со исти права за подобро утре“ , 12ч Градски Плоштад, Куманово

Тетово
05 Октомври – ИНФО ден, пред Дом на Култура – Тетово,11 00 – 15 00
06 Октомври – Ликовна Изложба и флеш моб, пред Дом на Култура, 12 00- 15 00
07 Октомври – Посета на Центарот за деца со посебни потреби, 13 00 – 15 00
09 Октомври – Турнир во Одбојка – Спортска сала – СОУ Кирил Пејчиновиќ – 12 00

Прилеп
05 Октомври – Инфо Ден –ООУ Климент Охридски, 09 00
06 Октомври – Посета на Црква и интервју со претставник, од страна на тимот на деца – 09 00ч.
07 Октомври – Посета на Џамија и интервју со претставник ,од страна на тимот на деца – 09 00ч
08 Октомври – Посета на старски дом и интервју со стари лица, од страна на тимот на деца
-09 00ч
09 Октомври – Главен настан Промоција на Видео „Сите деца со исти права, за подобро утре“ –ООУ Климент Охридски – 13 00ч

Кавадарци
05 Октомври Посета на “Мал Групен Дом” и одржување на работилница на тема детските права и интеркултурна комуникација – 12 00ч
06 Октомври Посета на Специјалната паралелка при Основното училиште Страшо Пинџур Кавадарци -11 часот
07 Октомври Флеш Моб – Главен плоштад, 13 00ч.
08 Октомври „Драмска претстава“-12 00ч младинскиот клуб на СППМД, (Младински информативен Центар Кавадарци)
09 Октомври Работилница на тема детски права и интеркултурна комуникација – 12 00ч. младинскиот клуб на СППМД (Младински информативен Центар Кавадарци)
11 Октомври Пикнинк во Градскиот парк во Кавадарци и одржување на работилница за ликовни творби на тема детски права и интеркултурна комуникација – 12 00ч.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП