18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром речиси за четвртина ја зголемил продажбата на гас во Европа и...

Газпром речиси за четвртина ја зголемил продажбата на гас во Европа и Турција

gazprom 229

Рускиот гасен гигант Газпром извезол во третото тромесечје во Европа и Турција 41,4 милијарди кубни метри гас, што е 23 отсто повеќе од истиот период лани, изјави во петок првиот човек на компанијата Алексеј Милер.

Само во септември биле извезени 13,2 милијарди кубни метри гас, 24 отсто повеќе од истиот месец минатата година.

Европските потрошувачи на руски гас го засилиле купувањето на овој енергенс пред зимата, како и по падот на цената на гасот што го следи и падот на цената на нафтата, но со растојание од шест до девет месеци.

Според зборовите на Милер, Германија, најголемиот купувач на руски гас, ги зголемила купувањата во третото тромесечје за 19 отсто, на 11,2 милијарди кубни метри, а Италија за дури 69 отсто, на седум милијарди кубни метри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП