25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАмерика ќе биде новиот нафтен гигант

Америка ќе биде новиот нафтен гигант

shkrilci-gas

Благодарение на новите методи на експлоатација на нафта и природен гас од шкрилци, САД е зафатена од нова нафтена треска.

Како што малиот град во Северна Дакота стана “Саудиска Америка”, Секоја недела се појавуваат 12 нови милионери.

Во Тексас, Вајоминг, Монтана и Охајо завладеа вистински бум на хидраулично кршење на шкрилци со мешавина од хемикалии и вода (наречен “freking”), а производството на нафта во САД за прв пат во 20 години, надмина седум милиони барели дневно.

Америка е на пат да добие енергетска независност во следните пет години и да ја преземе водечката улога на Саудиска Арабија како најголем производител на нафта во светот во последните десет години.

Северна Дакота, кој се наоѓа над формацијата Бакен – зафаќа површина од 518.000 квадратни километри и содржи огромни нафтени резерви, кои се достапни од неодамна, благодарение на freking. Локалното население го нарекува “Кувајт во преријата”, иако се уште се штипкаат, бидејќи не можат да поверуваат дека ги погоди таква среќа.

Благодарение на компаниите кои купуваат лиценци за експлоатација на минерали под земјата, која со генерации припаѓа на земјоделски семејства, овде секоја недела се појавуваат нови 12 милионери.

Градовите Вилстон (14.716 лица) и Стенли (4000 жители), на оддалеченост од околу 120 километри, се наоѓаат во епицентарот на овој бум.

Колони од камиони се движат кон нафтените полиња  натоварени со ладна вода, хемикалии, песок и залиха на храна, а се враќаат натоварени со нафта. Техниката на хидраулично кршење на шкрилците овде се применува пет години, но во изминатите 18 месеци има земено неверојатен интензитет.

“Не постои невработеност, економијата цвета и важен придонес даваме во тоа Америка да стане енергетски независна,” вели Арден Томпсон (68), еден од новопечените нафташки барони во Северна Дакота.

Иако тој одбива да каже колку точно има заработено, тој признава дека станал мултимилионер. Просечен извор на нафта носи заработувачка од 50.000 до 100.000 долари месечно од лиценци за експлоатацијата на нафта. Еден ранчер минатиот месец добил чек со сума од неверојатни еден милион долари.

“Тој поседува огромна површина на земјиште. Колку повеќе дупки за бушење се направат, толку ќе бидат поголеми моите чекови. Во меѓувреме купувам имот и основам инвестициски фонд за да ги обезбедам моите деца и внуци”, вели Арден Томпсон.

Низ Северна Дакота вомоментов има 9.000 нафтени извори, а се очекува дека оваа година ќе никнат уште 2.300 нови.

Тим Стод (45), кој работи на бушење и по 14 часа на ден, со пет дена пауза, минатата година заработил 100.000 долари.

“Компанијата ми обезбедува бесплатно сместување. Ова е напорна работа и нема жени, но моќе многу добро да се заработи. Нема што друго многу да се прави тука, освен да пиете. Но, јас не се жалам. Напорно работам, заработувам и и помагам на својата земја. Ова е вистинскиот американскиот сон”, рече тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП