22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата близу 48 долари

Цената на нафтата близу 48 долари

nafta 39222

Цената на нафтата се стабилизираше денеска близу ниво од 48 долари, поттикната со ескалацијата на судирите во Сирија и оптимистичките очекувања за состојбата на пазарот на труд во најголемата светска економија и најголем потрошувач на нафта САД.

На лондонската берза цената на барелот остана речиси непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 47,74 долари. Вчерашното тргување го заклучи во минус од 1,4 отсто. На американскиот пазар со барелот се тргува по 37 центи повисока цена, од 45,11 долари. Вчера тргувањето го заврши во минус 0,8 отсто.

Вчера цените на нафтените пазари се намалија откако беа изменети прогнозите за трасата на ураганот Жоакин, кој не би требало да ги погоди нафтените постројки во Мексиканскиот залив.

Овие прогнози и денеска го кочат растот на цените откако берзата веќе ја вклучи премијата за ризик поврзана со руските и американските воздушни напади во Сирија. Состојбата дополнително се закомпликува со доаѓање што на стотина ирански војници кои би требало да учествуваат во копнената операција.

Поддршка на цената на нафтата и денеска даде се поизразениот оптимизам во пресрет на објавата на новите официјални податоци од американскиот пазар на труд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП