ЕКОНОМИЈА

Производството во САД најмало во последниве две години

made in usa11111

Фабричкото производство во САД во септември оствари најмал раст во последните две години, поради забавувањето на глобалниот раст и кратењата во истражувањето на нафта и гас.

Институтот за набавки во економијата соопшти дека нивиот индекс за фабрички активности паднал на 50,2 поени во септември од 51,1 поен во август, што е најмалку од мај 2013-та. Се преку 50 поени укажува на раст.

Новите нарачки и производството, како и индексот за вработување нагло паднаа, едвај задржувајќи се на позитивна страна.

Американското производство го погоди и бавниот раст во Кина, како и зајакнувањето на доларот со што американската стока поскапува во странство. Компаниите кои се занимаваат со истражување на нафта и гас, исто така ги намалија нарачките на цевки и другите потребни материјали поради ниските цени на енергентите.

Кинеското фабричко производство е намалено во минатиот месец, па така индексот за набавки во економијата за Кина во септември има 49,8 поени. Тоа сепак е нешто подобро од августовските 49,7 поени.