
Во петокот продолжи исплатата од страна на Владата на надомест за штетите од временските непогоди кои се случија годинава.


Во петокот продолжи исплатата од страна на Владата на надомест за штетите од временските непогоди кои се случија годинава.
Исплатени се 2,3 милиони денари на 105 лица од Радовиш, Охрид и Кратово.
Во петокот, исто така, се исплатени 1,9 милиони денари субвенции на сточари за одбележани грла говеда.
Како што информираа од министерството за финансии, Владата и натаму ќе продолжи со обесштетување на граѓаните кои претрпеа штети од невремето годинава, како што претходно ветија нејзините претставници.