3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОткриени осум диви обложувалници во Струга, Кичево и Дебар

Откриени осум диви обложувалници во Струга, Кичево и Дебар

ujp_vozilo

Осум диви обложувалници во Струга, Кичево и Дебар, беа цел на акциските контроли на тимови од полициски службеници и инспектори на УЈП.

Акциската контрола беше реализирана на 30-ти минатиот месец во врска со Законот за приредување на игри на среќа-обложувалници и забавни игри.

Во шест нелегални обложувалници, инспекторите констатирале дека организаторите на обложувањето имале работници на пулт кои наплатуваат и издаваат друга документација за обложување. Ниту еден од организаторите на обложувањето немале лиценца и друг вид одобрение за приредување на игрите на среќа. Инспекторите од УЈП извршија увид во затекнатата состојба со обложувањето, опремата, затекнатите пари од промет по што оформија записници и друга потребна документација.

Од нелегалните обложувалници одземени се пари, телевизори, компјутери, монитори, печатачи и друга опрема. УЈП согласно Законот донесе решение за забрана за работата и приредување на игри на среќа и забавни игри и запечати две нелегални обложувалници во Кичево и во селото Стрелци, три диви обложувалници во струшките села Велешта и Корошишта и една во Дебар.

Една нелегална спортска обложувалница во Кичево не работела а во другата била констатирана пренамена на дејноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП