19 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИAir France најави голем број на откази

Air France најави голем број на откази

airfrance154

Францускиот авиопревозник Air France ќе ги извести вработените на почетокот на наредната недела за укинување на значителен број на работни места по неуспешните преговори со пилотите во кои се настојуваше да се подобри продуктивноста, објави во петокот раководството на компанијата.

„Планот за жал предвидува укинување на значителен број на работни места…Во понеделникот за тоа разговаравме со претставниците на вработените“, рече Александр де Жуниак за радио Europe 1.

Од воздухопловната компанија во четвртокот предупредија дека во наредните две години ќе го намалат обемот на работење за да ја обезбедат иднината по неуспешните преговори со пилотот околу планот за реструктуирање.

Притоа де Жуниак во разговор за Europe 1 истакна дека и покрај завршените разговори со пилотите „вратите не се затворени“ доколку синдикатите покажат вистинска подготвеност за преговори.

Од Air Francea се заканија дека до 2017 година ќе ја скратат мрежата на летови за долги дестинации за 10 отсто, ако пилотите не прифатат значителни намалувања на трошоците и не ги променат условите за работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП