26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија го подготвува тоа што САД „не смее“

Британија го подготвува тоа што САД „не смее“

britanija 333

Трошоците за работна сила во Британија во вториот квартал забележаа раст по најбрза стапка за повеќе од две години, покажаа објавените податоци.

Тоа ги зголеми изгледите на централната банка на Англија (BoE) наскоро да ги подигне каматните стапки.

„BoE“ соопшти дека со внимание ги следи трошоците по единица на труд – однос меѓу платата и продуктивноста, бидејќи го разгледува првото растење на трошоците за задолжвање во последните седум години.

Продуктивноста исто така порасна во вториот квартал, и тоа по најбрза стапка на раст во последните четири години, но се задржа под предкризниот просек.

Единечните трошоци за труд во вториот квартал пораснаа за 2,2 отсто во однос на истиот период од минатата година, што е најголема годишна стапка на раст од крајот на 2012-та година. Ова го соопшти британската канцеларија за статистика, додавајќи дека во однос на првиот овогодишен квартал, трошоците за работа пораснале за 0,5 проценти.

Според зборовите на заменик гувернерот на „BoE“, Бен Броадбент, потребано е единечните трошоци за труд да пораснат по поголема стапка од 2,0 проценти, па така ќе ја достигне зацртаната инфлација.

Од друга страна, продуктивноста на трудот, мерена според БДП по час, порасна според највисоката квартална стапка на раст од средината на 2011-та и со најбрзо годишно темпо од крајот на 2013-та година, соопшти канцеларијата за статистика.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП