27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија пред нова рецесија

Јапонија пред нова рецесија

BN-KN608_0929un_P_20150929085906

Активностите на големите јапонски производители се намалуваат, и покрај мерките кои ги воведе премиерот Шинзо Абе.

Сите значи покажуват дека третата светска економија, Јапонија, оди кон нова рецесија. Последното истражување на Централната банка на оваа земја покажа дека активностите на големите јапонски производители се намалуваат, и покрај мерките кои ги воведе премиерот Шинзо Абе.

Една мала семејна компанија веќе 7 години произведува сијалици. Најмногу за домашниот пазар, но нешто останува и за извоз.

Успеала да преживее многу кризи и пресврти на пазарот кон напредните LED сијалици. Низ сите тие промени, помош од владата не очекувале.

„Имаме ли поддршка? Не! Немаме никакви финансиска помош. Се работиме сами, наведува Кени Такахаши, сопственик на компанијата Hosobuchi Electric.

Кени Такахаши тврди дека стимулативните мерки на премиерот Шинзо Абе наречени „Абеномикс“ не ги дале саканите резултати, а најголемата цена ја плаќаат компаниите како неговата.

Откако домашната политка во изминатите седмици ми задала доста главоболки, премиерот Абе се обидува фокусот да го префрли на економијата. Наредниот месец се очекуваат важни економски бројки, но денешните знаци не се позитивни.

Се очекува дека стапката на БДП ќе остане на нула, што владата може да ја наведе на усвојување на нов буџет на крајот од годината, со надеж за зајакнување на домашната економија.

„Земајки во предвид дека стапките на раст се пониски од очекуваните, голема е шансата дека премиерот Абе ќе размисли за репрограмирање на постоечкиот буџет“, изјави Масајуки Кичикава, економист.

Кина ја спасува малопродажбата

Минатата година, економијата ја ослаби зголемувањето на стапката на данок на малопродажбата. По една година дефлација, неочекуваниот раст на цените од три проценти, ги загрижи купувачите. Забавувањето на економскиот раст на Кина, исто така негативно се одрази на Јапонија.

Иако двете земји имаат доста надворешно-политички несогласувања, кинеските туристи делумно се заслужни за успехот на јапонската малопродажба. Само во текот на оваа година, Јапонија ја посетиле близу три милиони Кинези, од кои секој потрошил две ипол илјади долари.

Одделни шопинг центри отворија Tax-Free продавници за да им удоволат на кинеските купувачи.

Освен луксузните ташни и накит, кинеските туристи најчесто купуваат и квалитетни апарати за домаќинство.

И додека шопингот цвета во центарот на Токио, во неговите северни делови, една компанија се надева дека јапонската економија ќе застане на нозе, пред да се угасат светлата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП