28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАNEIN: Германија ги забрани ГМО културите

NEIN: Германија ги забрани ГМО културите

gmo hrana 2

„Одгледувањето на генетски модифицирана пченка е инкомпатибилно со употребата на обработливото земјиште во Германија“, истакна германиот министер за земјоделство, Кристијан Шмит, во писмото со кое ја известија Европската комисија дека Германија нема да одгледува ГМО култури.

Гераманија исто така се приклучи на групата на земји членки на ЕУ кои уште претходно законски го забранија одгледувањето на ГМО култури. Во оваа група, покрај најновит член Германија, се Франција, Унгарија, Грција, Литванија, Шкотска и Полска.

Меѓутоа, ГМО културите се повеќе се присутни во Европската унија. Т.н. „MON810“ пченка, од лабораторијата на најпознатиот одгледувач на ГМО, Монстант, се одгледува во Шпанија и Португалија.

Европската комисија на државите членки им остави можност самостојно да одлучат во врска со ова прашање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП