26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГугл и Мајкрософт ги закопаа „воените секири“

Гугл и Мајкрософт ги закопаа „воените секири“

mic google 303

Петгодишната патентна битка меѓу „Гугл“ и „Мајкрософт“ доаѓа до самиот крај. Двете компании одлучија да стават крај на конфликтот и да отфрлат околу 20 тужби во Германија и САД.

„Мајкрософт“ и „Гугл“ се судрија во 2010-та година во врска со правата кои се однесуваат на технологијата во „Xbox“ конзолите и паметните телефони на компанијата „Моторола“ која беше во сопственот на „Гугл“ се до јануари 2014-та година.

„„Гугл“ и „Мајкрософт“ се договорија во иднина да работат заедно за да се зајакне заштитата на интелектуалната сопственост“, се наведува во заедничкото соопштение.

Во моментов не се познати финансиските услови од овој договор за соработка, како и другите параметри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП