4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфо средба за можностите за финансирање на Фондот за иновации и технолошки...

Инфо средба за можностите за финансирање на Фондот за иновации и технолошки развој

fff

Денес во Скопје, на Машинскиот факултет во Скопје со почеток од 10 часот, се одржа инфо средба за можностите за финансирање на Фондот за иновации и технолошки развој како и презентација на обрасците за аплицирање.

На инфо средбата беа детално објаснети трите инструменти на Фондот за кои моментално е отворен јавен повик до 21 Октомври 2015 година како и самите обрасци за аплицирање и препораки за нивно подобро пополнување.

Целта на презентацијата беше да се запознаат заинтересираните кандидати со можностите за финансирање преку Фондот, отворениот повик на Фондот како и обрасците за аплицирање со што ќе се овозможи солидна основа за идни успешни проекти.

Вториот повик на Фондот за иновации и технолошки развој е отворен до 21 Октомври 2015 година. Отворен е за микро, мали и средни претпријатија, установи кои вршат научно-истражувачка или високообразовна дејност, бизнис здруженија, кластери и/или стопански комори и други заинтересирани страни кои ќе можат да аплицираат за три инструменти на Фондот: Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“, кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации и кофинансирани грантови за трансфер на технологии.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП