10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочна асфалтирањето на патот од Битола кон хотел Молика

Започна асфалтирањето на патот од Битола кон хотел Молика

asfaltiranje 3223

Започна реализацијата на проектот за проширување, ревитализација, реконструкција и асфалтирање на патот од Битола до Хотел Молика на Пелистер.

Во моментов се работи на првата фаза која го опфаќа делот од Детското одморалиште па сè до Хотел Молика, чиј изведувач е ЈП „Македонија пат“.

„Заедничката соработка меѓу локалната самоуправа, институциите и Владата на Република Македонија, се разбира пред се Јавното претпријатие за државни патишта, Македонија пат и Националниот парк „Пелистер“ придонесоа да направиме еден исклучителен зафат, а тоа е проширување, реватализација, реконструкција и асфалтирање на патот кој што води од Битола до Молика“, истакна градоначалникот на Битола Владимир Талески.

Веќе е извршена  реконструкција, ревитализација и асфалтирање на дел од патот, а моментално се работи и на останатиот дел од патот со вкупна должина од шест километри. Проектот го финансира Јавното претпријатие за државни патишта, а вредноста на истиот е околу шест милиони денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП