18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуската интервенција во Сирија ја крена цената на нафтата над 49 долари

Руската интервенција во Сирија ја крена цената на нафтата над 49 долари

nafta 222

Цената на нафтата се искачи денеска над 49 долари за барел на светските берзи во очекување на зголемени премии за ризик по руската интервенција во Сирија, што ги потисна во втор план новите сигнали за забавување на економскиот раст во Азија и растот на залихите.

На лондонската берза цената на барелот порасна за 97 центи во однос на вчерашното затворање и изнесува 49,34 долари, а на американскиот пазар со барелот се тргува по 1,10 долари повисока цена, од 46,19 долари.

Русија во средата покрена воздушни напади на позициите на терористичката група Исламска држава во Сирија.

„Руската воена интервенција во судирите во Сирија ги зголеми геополитичките ризици, што ги поттикнува цените“, коментира Карстен Фрич од франкфуртски Commerzbank.

Дополнителна поддршка на цените пружи и јакнењето на ураганот Жоакин, иако не може со сигурност да се тврди дека ќе го погоди САД.

Трговците со енергенти го следат движењето на ураганот на Атлантикот поради можноста за затворање на платформите во Мексиканскиот залив или, во исклучителен случај, оштетување на инфраструктурата.

Поголем раст на цените сепак ограничија новите сигнали за економско забавување во Азија и преполните американски залихи за нафта. Според најновите податоци, активностите во кинескиот индустриски сектор се намалија во септември, а довербата на производителите во Јапонија се влошила.

„Со оглед на меѓународната напнатост, пазарот вчера реагираше неверојатно мудро и цените не скокнаа за неколку долари. Можеби растот го сопреа американските податоци за залихите“, напоменуваат во извештајот од брокерската куќа PVM.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП