23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворен новиот приватен универзитет „Визион“

Отворен новиот приватен универзитет „Визион“

визион

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, денес присуствуваше на отпочнувањето со работа на новиот приватен универзитет „Визион“ со седиште во општина Гостивар.

„Меѓународниот Универзитет ’Визион’ е приватна високообразовна установа со седиште во Гостивар. Универзитетот досега има добиено акредитација од страна на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование на Република Македонија, за вршење на настава на македонски, англиски и турски јазик, на сите факултети за двата циклуси на студии, со што оваа институција се стекна со статусот прва високообразована установа акредитирана на турски наставен јазик, во земјата и во поширокиот регион“, истакна министерот Адеми.

На Универзитетот Визион ќе функционираат пет факултети: Факултет за информатика со студиска програма Информатика, за четиригодишни студии на прв циклус, Правен факултет со студиска програма Правни науки, за четиригодишни студии на прв циклус, Економски факултет со студиска програма Економија, за четиригодишни студии на прв циклус, Архитектонски факултет со студиска програма Архитектура и дизајн, за тригодишни студии на прв циклус и Факултет за општетествени науки со студиска програма Психолошко советување, за четригодишни студии на прв циклус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП