29 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканските компании ги зголемија отпуштањата за 43% во септември

Американските компании ги зголемија отпуштањата за 43% во септември

otpustanja www

Бројот на објавените кратења на работните места од страна на американски компании се зголеми за 43% на месечна основа во септември, а тоа е поради отпуштањата во големите компании, како „Hewlett-Packard“, посочија податоците на консултантската компанија „Сhallenger, Gray & Christmas“.

Aмериканските компании обелоденија 58.877 отпуштања во септември, наспроти 41.000 во август. Ова е трета најголема вредност на показателот за оваа година. Така за третиот квартал обемот на објавените скратени места изнесува 205.579 што го прави кварталот најлош за последните шест години.

Податоците стануваат реалност ден пред објавувањето на резултатите за вработеноста и невработеноста во САД во изминатиот месец.

Од почетокот на годината работодавците ги обелодененија плановите за намалување на бројот на работни места за 493.431, што е повеќе од отворените работни места за целата измината година во износ од 483.171.

Секторот за производство на компјутери има најголемо намалување на работните места, поради објавените откази за 32.500 вработени кај производителот „Hewlett-Packard“. Енергетскиот сектор придонесува најмногу за намалувањето на работните места од почетокот на годината, а во него се потврдени откази за 72.708 лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП