25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМилијарди потрошени на мито

Милијарди потрошени на мито

mito

Цената на корупцијата во светот е огромна. Во изминатата деценија, од 150 земји во развој незаконски беа однесени пет илјади и 860 милијарди долари. Кина е лидер на листата со одлив од две илјади и 750 милијарди незаконски капитал во тој период. Мексико е втор, со повеќе од 476 милијарди долари потрошени на корупција, што е повеќе од четири и пол илјади долари по човек. Русија е на петтото место со 152 милијарди долари.

Нигерија, која е на седмо место е највисоко рангирана африканска земја со нелегален одлив од 129 милијарди долари или 864 долари по глава на жител во земјата. Типичната слика на корупцијата, корумпираните службеници кои бараат мито е само 3 до 5 проценти од вкупната сума, покажуваат резултатите од истражувањето на глобалната финансиска организација за коректност.

Поголемиот дел на прекуграничниот проток на пари се со кривична позадина и се движи од 30 до 35 проценти од вкупниот број. Сепак избегнувањето на комерцијалните даноци го завземаат најголемиот процент или околу 65 проценти од вкупните износи.

За пренос на големи суми на пари потребен е огромен „сив“ финансиски систем, се вели во извештајот на глобалната финансиска организација за коректност. Суштинските елементи на системот се доверливост, правна јурисдикција, скриени корпорации, анонимни сметки и лажни добротворни цели.

Америка и „црната дупка“

Една од најголемите финансиски „црни дупки“ во светот всушност е САД. Таму постојат многу анонимни компании кои едноставно се регистрирани за потоа да служат како канал за нелегалните пари. Во извештајот се наведува дека банкарската тајна во западните земји, вклучувајќи ја Швајцарија и некои од карибските острови кои привлекуваат пари од корупцијата и го олеснуваат нивниот проток.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП