13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа пазар и во ресторани се продава домашна ракија без бандероли

На пазар и во ресторани се продава домашна ракија без бандероли

ракина-пазар

На пазарите и во рестораните во Прилеп, Битола, Охрид, Струга и Вевчани се продавала домашна ракија, коњак, виски, узо и аквавит без бандерола, соопшти Царинската управа.

Имено, инспекциски надзор е спроведен во среда и во четврток, од повеќе тимови на Царинарница Битола за контрола на обележување и употреба на контролни марки, на повеќе зелени пазари, малопродажни и угостителски објекти кои вршат промет со акцизни добра на територијата на општините Прилеп, Битола, Охрид, Струга и Вевчани.

Притоа, во пет случаи од физички лица што продавале на зелените пазари во споменатите општини, привремено се задржани 112 литри домашна ракија, три литри коњак и 2,8 килограми режан тутун.

Во шест угостителски објекти е утврдена нелегална продажба на алкохол, пришто привремено се задржани 13 литри ракија и 1,5 литри други алкохолни пијалоци – виски, узо и аквавит.

Сите привремено задржани алкохолни пијалоци (130 литри), и тутун (2,8 кг) не биле означени со контролни марки, а сопствениците не поседувале сертификат за квалитет, иако ги нуделе на продажба.

Против прекршителите Царинската управа презема соодветни мерки.

Царинската управа уште еднаш апелира на внимателност на граѓаните затоа што конзумирањето неиспитани, потенцијално неисправни алкохолни пијалоци неозначени со контролни марки претставува сериозен ризик по здравјето и животот на луѓето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП