
Во Русија денес стапи на сила законот за банкрот на физички лица.


Во Русија денес стапи на сила законот за банкрот на физички лица.
Како што јави Интерфакс, до 11 часот по Московско време веќе се поднесени 108 барања за банкрот- 79 поднеле банките, а 29 физички лица.
Рускиот закон му дава право на секој должник, независно од висината на долгот, да биде прогласен за платежно неспособен, но на суд мора да докаже дека навистина е платежно неспособен.
Барање за прогласување на банкрот на физичко лице, можат да поднесат и банките, но само доколку долгот е поголем од 500.000 рубљи (6.800 евра), и ако должникот најмалку три месеци не ги плаќа доспеаните рати.