Грчкиот премиер Алексис Ципрас во текот на посетата на Њујорк, каде учествуваше на Генералното собрание на Обединетите нации, изјави дека таму наишол на повеќе „отворени уши“ околу што тоа е случај во Брисел.

„Грчката влада тука наиде на далеку повеќе отворени уши отколку во Брисел кога станува збор за потребите за фер решавање на кризата и неопходното намалување на неподносливиот и неодржлив јавен долг“, изјави Ципрас во Њујорк.
Грција овој месец ја очекува нова посета од претставниците на меѓународните кредитори кои во Атина треба да истражат се што е досега направено и да ги искажат очекувањата пред да дозволат да капне првата рата од одбрениот пакет финансиска помош од вкупно 86 милијарди евра.