4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОхридска банка со промотивни камати за депозити во месецот на штедење

Охридска банка со промотивни камати за депозити во месецот на штедење

Denari-2

Охридска банка, Групација Сосиете Женерал во четвртокот соопшто дека по повод месецот на штедењето воведе промотивни каматни стапки за денарски Депозит прогрес.

Со промотивната понуда се овозможува атрактивен депозит со растечка каматна стапка по периоди, можност за дополнителни вложувања и гарантирани каматни стапки.

Во текот на октомври, месецот на штедење, Охридска банка, Групација Сосиете Женерал воведува атрактивни каматни стапки за денарски Депозит прогрес. Промоцијата важи за нови депозити отворени во периодот од 1. октомври до 7. ноември 2015 година.

Рокот на Депозит прогрес е една година, поделена на 4 квартали, при што секој нареден период носи повисока камата. Каматните стапки се фиксни и не се менуваат за периодот на орочување.

Каматната стапка за првиот период изнесува 0,80%, а потоа се зголемува соодветно: 1,90% за вториот период, 2,80% за третиот период и 3,70% за четвртиот период.

Дополнителна предност за корисникот е можноста за дополнително вложување износи на основниот влог и на тој начин користење на растечката камата за секој вложен износ на Депозит прогрес, се вели во соопштението на банката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП