28 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ берзите во раст втор ден по ред

ЕУ берзите во раст втор ден по ред

берзи-азиски-европски-berzi-aziski-evropski

Цените на акциите на европските берзи пораснаа во четвртокот втор ден по ред, благодарение на закрепнувањето на рударскиот и автомобилскиот сектор и на неколку други акции кои на почетокот на неделата беа под притисок.

FTSEurofirst индексот на 300 водечки европски акции во 11.00 часот беше во плус 1,5 отсто, откако вчера скокна за 2,5 отсто.

Лондонски FTSE индекс истовремено беше во плус 1,30 отсто, на 6.140 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,60 отсто, на 9.719 поени, а париски CAC 1,35 отсто, на 4.516 поени.

Eвропските инвеститорите ги охрабри силниот раст на цените на акциите на Волстрит во средата, како и утринскиот на азиските берзи.

Од тие причини не ги поколебаа нити новите лоши вести од Кина. Според извештајот на компанијата Markit, PMI индексот на производствени активности во Кина во септември беше нешто понизок од претходниот месец, но поголем од очекувањата на аналитичарите. И владиниот извештај за PMI индексот е нешто подобар од очекуваното.

Но, според двата извештаи индексот и натаму е под 50 поени, што укажува за забавување на активностите.

„Што се однесува до Кина, состојбата е се уште прилично тмурна. Но, централните банки на светот, па така и кинеската и натаму водат лабава монетарна политика, што им пружа поддршка на берзите“, вели Хари Шан, аналитичар во компанијата Logic Investments.

Силно, за 4,4 отсто, порасна цената на акцијата на Volkswagen, откако раководството на германскиот гигант најави натамошни мерки на штедење за да ги реши проблемите настанати со скандалот поврзан со дизел возилата, во кои беше откриен софтвер за мамење на еко-тестови.

Автомобилскиот сектор скокна за 2,5 отсто и благодарение на тоа што Кина го намали данокот на продажба на помали возила за да го заживее локалниот автомобилски пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП