9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо сабота се спроведува проектот Македонија без отпад – 2015

Во сабота се спроведува проектот Македонија без отпад – 2015

mak-bez-otpad

Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“, оваа година продолжуваат да го спроведуваат проектот „Македонија без отпад 2015“.

Во сабота, во рамките на проектот „Македонија без отпад“ на целата територија на Македонија ќе се одржи националната акција за чистење на околината од отпадот кој се наоѓа на несоодветни места .

Целта на проектот е граѓаните и сите засегнати групи, организирано и што по масовно да се вклучат да ја исчистат својата околината од отпадот што се наоѓа насекаде.

Централниот настан на територијата на Град Скопје ќе се реализира кај Европската очна болница во општина Ѓорче Петров, на крајот на ул.„ Христо Батанџиев“ (поранешна Социјалистичка Зора). Воедно, ќе се чисти и трим патеката во должина од 2км. Настанот ќе започне во 11 часот.

Проектот ќе се спроведува со поддршка и со учество на државните институции, локалната самоуправа, јавните и комуналните претпријатија, невладините организации, здруженија на граѓани и месното население.

За подетални информации за самата акција заинтересираните можат да се информираат на веб -страница www. ajdemakedonija.mk или на својата општинска веб- страница.

Заради подршка на институциите за справување со неовластено исфрлање и складирање на отпадот, граѓаните доколку забележат ваква активност во својата околина, можат да се обратат на бесплатниот телефонски број на Центарот за управување со кризи – 195.

Сите учесници во акцијата својата активност можат да ја регистрираат на веб -страната www. ajdemakedonija.mk

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП