5 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Маратон Брамс“ за отворање на новата концертна сезона на филхармонија

„Маратон Брамс“ за отворање на новата концертна сезона на филхармонија

maraton-brams

Македонската филхармонија го најавува отворањето на новата концертна сезона 2015/2016 година, што ќе се случи во четврток, во Домот на АРМ, со почеток во 20 часот.

Првиот концерт оваа сезона носи наслов „Маратон Брамс“, а на подиумот ќе настапат рускиот диригент, маестро Даниел Рајскин, и солистот Алексеј Володин – еден од најзначајните руски и светски пијанисти денес. Володин во иста вечер ќе изведе два Концерти за пијано и оркестар од Јоханес Брамс, што е ретка практика не само кај нас, туку и во светот.

Билетите се веќе достапни и можат да се набават на билетарата во Дом на АРМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП