13 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРоманија не може да влезе во еврозоната во 2019-та година

Романија не може да влезе во еврозоната во 2019-та година

romania evro 33

Влезот на Романија во еврозоната во 2019-та година, како што Букурешт досега го најавуваше, повеќе не е изводлив, рече гувернерот на Централната банка Мугур Исареску.

„Романија за да ја усвои единствената валута во 2019-та година, мораше да влезе во предворјето на еврозоната, за да ги прифати „ЕРМ II“ механизмите најдоцна во јуни 2016-та година, а подготовките за тоа се многу сложени“, рече Исареску.

„ЕРМ II“ е договор помеѓу Европската централна банка и националните централни банки на земјите-членки надвор од еврозоната на кои им се одредува номиналниот девизен курс на националната валута, која мора да остане во рамките на определен опсег во однос на воспоставениот паритет на националната валута во однос на еврото.

„Пред да направите било каква одлука, пред да се воспостави нов рок, треба да се верификува работниот план кој е усвоен од страна на сите политички партии, вклучувајќи ја и опозицијата“, вели Исареску.

Пет критериуми

Романија, една од најсиромашните земји во Европската унија, во неколку наврати ја изрази својата желба да се приклучи на еврозоната во периодот меѓу 2018-та и 2019-та година.

Романскиот премиер Виктор Понта, во декември минатата година рече дека неговата земја ги исполнува петте критериуми за влез, вклучувајќи го и јавниот дефицит под три проценти од бруто домашниот производ (БДП), а јавниот долг под 60 отсто од БДП.

Тој тогаш, сепак, нагласи дека колку и да се однесува на вистинските критериуми, Романија не е во состојба да ја издржи конкуренцијата во еврозоната, инсистирајќи на многу потребните инвестиции и подобрувањето на инфраструктурата во земјата.

Иако просечната месечна исплатена бруто-плата едвај достигнува 540 евра, Романците по избивањето на кризата во Грција станаа повеќе воздржани кога станува збор за брзото усвојување на еврото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП