19 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИФолксваген го замрзна вработувањето и укина една смена

Фолксваген го замрзна вработувањето и укина една смена

BODYIMAGE_volkswagen-uk

Германскиот производител на автомобили Фолксваген во средата привремено го замрзна вработувањето во секторот за финансии и укина една смена неделно во фабриката во Германија.

Оваа фабрика во моментот ги проценува штетите настанати заради скандалот со мамење на тестовите за емисии на штетни гасови.

Замрзнувањето на вработувањата во секторот на финансиски услуги на Фолксваген, што се занимава со кредити за купувачите на автомобили и со лизинг на возила на операторите, ќе биде во сила до крајот на оваа година, изјави портпаролот на компанијата, пренесува Reuters.

„Само реагираме на моменталната ситуација. Ова е чисто една мерка на претпазливост“ , наведе портпаролот.

Фолксваген најави дека ќе го поправи софтверот што манипулираше со резултатите од издувните гасови од возилата за време на тестирањата, а некои аналитичари го поставуваат прашањето дали финансискиот сектор на Фолксваген, кој со кредити ги поддржа купувачите при набавката на возила, можеби ќе го намали износот на долгот бидејќи автомобилите се со грешка.

Портпаролот одби да го коментира тоа, наведува британската агенција.

Фолксваген во својата фабрика за мотори во Салцгитер укина една смена неделно, која порано беше воведена за да се задоволи тогашната зголемена потрошувачка.

Повисокиот менаџмент на Фолксваген ќе ги разгледа резултатите од интерната истрага во врска со местењето на вредностите за загадување на воздухот кај еко тестовите и ќе се подготви за екстерна истрага, изјави за Reuters извор запознат со ситуацијата.

Најголемиот европски производител на автомобили го призна лажирањето на резултатите на тестовите на емисии на гасови со помош на софтвер вграден во 11 милиони негови дизел автомобили ширум светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП