19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНобеловата награда годинава првпат по 15 години ќе биде помала од милион...

Нобеловата награда годинава првпат по 15 години ќе биде помала од милион долари

nobelova-nagrada

Паричниот дел од Нобеловата награда за 2015 година, како и во претходните две години, формално не е променета и ќе изнесува 8 милиони шведски круни, меѓутоа поради слабеењето на курсот на шведската национална валута во однос на американскиот долар, тој првпат по 2001 година ќе изнесува помалку од милион, односно 950 илјади долари.

Сепак, не парите туку престижот се главното признание за лауреатите, смета извршниот директот на Нобеловата фондација, Ларс Хајкенстен.

„Во прв ред, тоа е независен и темелен процес на избор на лауреатите од страна на Нобеловиот комитет, кој повеќе од 100 години претставува основа на статусот и брендот на Нобеловата награда“, изјави Хајкенстен во интервјуто за шведската новинска агенција ТТ.

Во 2012 година паричниот дел од наградата беше намален од 10 на 8 милиони шведски круни поради последиците од глобалната економска криза и загубите што ги претрпе фондацијата. Меѓутоа, таа година благодарејќи на високиот курс на шведската валута, тој изнесуваше 1,2 милиони американски долари.

Осум милиони круни е 98 отсто во денешна вредноста на првата Нобелова награда која е врачена во 1901 година, сметаат експертите. Тогаш таа изнесувала 150.800 круни, кои денеска вредат 8,179 милиони шведски круни.

Според правилата на Нобеловата награда, доколку лауреатот една година по објавувањето паричниот дел не може да биде уплатен на негово име, партите остануваат на располагање на фондацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП