27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСТО ја намали прогнозата за растот на светската трговија годинава

СТО ја намали прогнозата за растот на светската трговија годинава

WTO-logo

Светската трговија ќе порасне во 2015 година само 2,8 отсто, послабо отколку што досега се очекуваше, а дополнително би можела да биде закочена во зголемувањето на клучните каматни стапки во САД, забавување на кинескиот раст, бегалската криза, извести во средата Светската трговска организација (СТО – WTO).

Во април СТО за годинава прогнозираше раст на трговијата за 3,3 отсто, а новата прогноза подразбира дека трговијата петта година по ред ќе порасне помалку од 3 проценти, односно двојно помалку од годишниот просек во периодот од 1990 до 2008 година, односно пред почетокот на глобалната финансиска криза.

Годинешнава проценка подразбира и забрзување на растот во однос на минатата 2014 година, кога размената беше зголемена за 2,5 отсто. Reuters притоа истакнува дека очекувањата на СТО во повеќе наврати се покажаа претерано оптимистички, имајќи ги предвид послабите надежи за заздравување на глобалната економија. Во СТО, исто така, предупредуваат на големите ризици кои би можеле да ги доведат во прашање нивните процени.

„Тие вклучуваат поостри од очекувањата забавувања во економиите во формирање и економиите во развој, можната дестабилизација на финансиските текови откако американската централна банка конечно ќе ги подигне клучните каматни стапки и непредвидените трошоци поврзани со миграциската криза во Европа“, се наведува во соопштението.

Поради забавувањето на кинеската економија, СТО веќе ја преполови прогнозата за растот на азискиот увоз во оваа година на 2,6 отсто. Значително во однос на априлската процена ја намалија прогнозата на извозот од 5,0 на 3,1 отсто.

Падот на кинеската побарувачка е меѓу главните причини за падот на светската трговија во првите два квартала годинава, во просек за 0,7 отсто на квартално ниво. Дополнително кочници биле и падот на побарувачката во Бразил, како и падот на цените на нафтата и другите стоки. На годишно ниво трговијата сепак пораснала, и тоа за 2,3 отсто.

За следната година СТО очекува забрзување на растот на светската трговија на 3,9 отсто, што значи сека сепак благо, за 0,1-процентени поен, ја намалиле прогнозата од април.

Новата прогноза се темели на очекувањата за закрепнување на растот на азискиот увоз на 4,3 отсто во 2016 година, како и очекуваниот 5,7-проценттен раст на увозот во Латинска Америка, по годинешниот проценет пад за 5,6 отсто. Прогнозите на СТО ги покриваат трговиите со стоки, но не и трговиите со услуги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП