18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRoyal Dutch Shell доби концесија за трагање по нафта и гас во...

Royal Dutch Shell доби концесија за трагање по нафта и гас во бугарското подморје

nafta 222

Бугарија и додели концесија за трагање по нафта и гас во Црното море на британско-холандската компанија Royal Dutch Shell, најавувајќи потпишување на договорот до крајот на октомври.

За да ја намали зависноста од руски гас, Софија во април објави тендер за доделување концесии за трагање по нафта на подрачјата на Силистар и Терес.

Shell единствен покажа интерес за петгодишна концесија на подрачјето Силистар, со површина од 7.000 квадратни километри, искажувајќи подготвеност во сеизмичко истражување да вложи 18,6 милиони евра.

Силистар се наоѓа во близина на подрачјето во романски територијални води за кое оператор е австриската нафтена компанија OMV, која објави дека би можела да произведе до 84 милијарди кубни метри гас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП