3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК предлага 1,7 милијарди евра за управување со бегалската криза

ЕК предлага 1,7 милијарди евра за управување со бегалската криза

migranti 3399

Европската комисија денеска го донесе првиот пакет буџетски предлози за управување со бегалската криза во износ од 1,7 милијарди евра од европските средства во следните две години.

За оваа година се предвидени 801,3 милиони евра, а за следната 900 милиони евра. Годинешната сума би требало да се обезбеди со прераспределбата на средствата во рамките на годишниот буџет и придонесот на државите членки. Европската комисија предлага 330,7 милиони евра дополнителни обврски за земјите членки, прераспределби 70,6 милиони евра од другите подрачја и 400 милиони евра првично наменети за хуманитарна помош и финансирање на соседските политики на ЕУ.

Од 800 милиони евра, 100 милиони би биле наменети за итно финансирање на земјите членки коишто се соочени со најголемиот бран бегалци во рамките на фондот за азил и миграции, како и фондот за внатрешна безбедност.

Околу 300 милиони евра се предвидени во рамките на европската соседска политика за помош на трети земји кои ги примаат бегалците од Сирија, како Јордан и Либан.

Кога станува збор за следната година, Европската комисија во октомври ќе предложи 900 милиони евра за управување со бегалската криза да се вклучат во предлогот за буџетот за 2016 година. Комисијата очекува дека Советот и Парламентот да ги потврди овие предлози што поскоро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП