Албанскиот премиер Еди Рама потврди дека официјална Тирана го зголемува долгот од 300 до 500 милиони евра, и тоа преку пуштање на нова обврзница -Евроборд.
Албанскиот премиер за Ројтерс вели дека и покрај тоа што Албанија има ниско ниво на собирање на даноци, бидејќи моментално процентот на нивното собирање е 27 отсто, сепак според него во споредба од пред две години кога собирањето било 23 отсто, сега собирањето на таксите е повисоко.
Тој нагласува дека владата има превземена една голема кампања против сите фирми кои не работаат во согласност со законот, особено во насока на прикривање на даноците.
„Оваа наша одлука треба да биде вознемирувачка за народот и владата, но не и за инвеститорите“, нагласи Рама во Њујорк во едно интервју за Ројтерс.
Инаку оваа позната новинска агенција ја пренесува и информацијата дека Албанија е земја со најниското собирање на таксите во регионот.