20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРВЈУИнтервју со Дарко Дедиќ, претседател на Управен одбор на Винер Лајф

Интервју со Дарко Дедиќ, претседател на Управен одбор на Винер Лајф

db

Граѓаните добија единствена можност да се животно осигурани и да инвестираат на развиените светски пазари

 

Денар: Винер Лајф пласираше нов и сосема уникатен производ на македонскиот пазар дефиниран како животно осигурување поврзано со инвестициски фонд. Што точно подразбира овој продукт?

Лајф инвест е продукт што Винер Лајф го пласира заедно со Друштвото за управување со инвестициски  фондови ВФП Фонд менаџмент и е единствениот од ваков вид производ во Македонија, а сме и меѓу првите во регионот. Станува збор за купување на животна полиса каде што средствата се вложуваат во инвестициски фонд чии акции котираат на американската, швајцарската и германската берза. На овој начин, корисниците на оваа полиса стануваат инвеститори во високо рангирани компании на развиените светски пазари.

 

Денар: Кои се предностите на новиот производ?

Функцијата и воопшто улогата на инвестициските фондовите во последниве години е се поголема и поатрактивна. Една од причините за тоа е самата суштина на оперативност на инвестициските фондови, односно нивната дисперзираност и фокус на различни берзи, со што на долг рок се овозможува стабилност  и профитабилност. Всушност тоа е и предноста на производот Лајф инвест, односно можноста што ја нуди – физички лица во Македонија имаат да инвестираат на меѓународна берза, а во исто време и да бидат осигурени. Со овој продукт инвестирате и сте животно осигурани, а за разлика од вообичаените продукти за животно осигурување, штедниот дел од премијата зависи од перформансите на фондот.

Во изминатите години сведоци сме на константно опаѓање на каматните стапки на депозитите и на се помалиот принос кој што може да се оствари со овој класичен начин на инвестирање. Лајф Инвест производот на клиентите од една страна им нуди животно осигурување, а од друга страна можност за принос значајно поголем од износот кој може да се добие со штедење во банка.

 

Денар: Каква е сигурноста и обезбедувањето на вложените средства со овој производ?

Сигурноста на инвестираните средства е пропорционална со сигурноста на големите светски корпорации како што се Bayer, Loreal, BMW, Munich RE или Nestle, кои се дел од компаниите во кои се вложуваат средствата на клиентите. При креирањето на овој производ стратешки се определивме средствата да се вложуваат само во blue chip (првокласни акции) со што значително се зголемува сигурноста која ја бараат нашите клиенти, а од друга страна се создава можност за стабилна капитална добивка.

 

Денар: Во последнава година се истакнува вашата соработка со други финансиски институции, на што се должи тоа и која е причината?

Со групацијата што стои зад нас, со меѓународното искуство и експертиза, една од најважните работи што ја научивме е дека треба да се менуваме, прилагодуваме на пазарот а најмногу на потребите на клиентите. Врз основа на оваа едноставна филозофија, почнавме да практикуваме соработка со банки и инвестициски фондови со кои што развиваме нови и заеднички производи. Целта на сето ова е со заеднички производи да создадеме и да им овозможиме на граѓаните услуги со повеќе поволности. Секој од новите производи развиени со различна финансиска институција, дава дополнителна вредност за корисникот во областа на осигурувањето. Ваквите заеднички настапи имаат големо знаење и за нас, и за компаниите од аспект што ја поттикнуваат довербата од граѓаните која што ја градиме и развиваме на подолг период.

da

Денар: Каква е иднината во осигурителниот пазар во Македонија и кон каде се гледа неговата експанзија?

Не само осигурителниот бизнис туку и останатите финансиски институции се повеќе проширувањето на пазарот го наоѓаат токму во вакви заеднички настапи. Се развиваат нови производи, се нудат повеќе можности со што клиентот на едно место да добива цел спектар на различни финансиски услуги. Воедно, ваквите заеднички настапи посебно се добри и од аспект на приближување на понудата на финансиски производи кон она што веќе е стандард на развиените пазари.

Во наредните години очекувам значаен дел од осигурувањето на живот да биде поврзано со инвестициските фондови и со банкарските производи, со што македонските граѓани ќе добијат многу разнолична понуда на производи, што секако ќе придонесе за одржување на растот на животното осигурување кое во моментот е најбрзо растечка финансиска дејност во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП