18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата е стабилна над 48 долари

Цената на нафтата е стабилна над 48 долари

nafta 300

Цената на нафтата се задржа на светските берзи над ниво од 48 долари, со послаб обем на тргување во пресрет на празникот во Кина, а одредени аналитичари ги воочуваат првите сигнали за рамнотежа на пазарот и покрај скокот на залихите во САД.

На лондонската берза цената на барелот остана речиси непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 48,14 долари. Позначителни промени во цената немаше ниту на американскиот пазар, каде со барелот се тргува по 45,08 долари.

Вчерашниот извештај на Американскиот институт за нафта (API) покажа скок на залихите во минатата недела за 4,6 милиони барели, наспроти очекувањата на аналитичарите дека ќе порасне за само 400 илјади барели.

Вниманието на инвеститорите сега е насочено кон официјалниот извештај на американската влада за залихите кој треба да биде објавен во текот на денот.

Обемот на тргувањето изутрината во Лондон беше скромен и поради претстојниот кинески државен празник кој започнува во четврток, а ќе трае цела недела.

„Притисокот на цените е генериран од континуираното високо производство во членките на OPEC, на чело со Саудиска Арабија и Ирак и очекувањата за растот на залихите на глобалната економија низ подолг временски период“, вели Мајкл Витнер од Societe Generale.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП