2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ има потреба од 2 илјади милијарди евра за инфраструктура до 2020-та...

ЕУ има потреба од 2 илјади милијарди евра за инфраструктура до 2020-та година

patistsa 3330

До 2020-та година Европската унија ќе има потреба од 2 илјади милијарди евра за инфраструктурни проекти, покажуваат пресметките на Европската инвестициска банка (ЕИБ), цитирани од Европската комисија.

Проекти како планот „Јункер“ во вредност од 315 милијарди евра можат да помогнат, но сосема не се доволни и е јасна потребата од дополнителни приватни инвестиции во долгорочни проекти, посочуваат уште од инвестициската банка.

Една од можностите на кои смета ЕК во таа насока, е создавање на унија на пазарите на капитал, за кој акционен план беше претставен денеска.

Но генерално главните инвеститори во европските проекти се осигурителните и пензиските фондови. Податоците на Комисијата се дека во моментов осигурителните компании имаат инвестирано 22 милијарди евра во инфраструктурни проекти, што претставува помалку од 0.3% од нивните средства.

Главниот дел од инвестициите се насочени кон ниско-ризични проекти, како што се автопати, бидејќи вложувањата се враќаат сигурно – на пример од давачиките за патарина.

Ако осигурителните компании ги зголемат инвестициите во секторот за само 0,5%, тоа ќе значи дополнителни 20 милијарди евра, со кои може да бидат поддржани најважните проекти за Европа.

Всушност осигурителни компании се едни од најголемите инвеститори во ЕУ. Само во 2014-та година тие вложиле 9,9 илјади милијарди евра во различни проекти. Поради оваа причина и од ЕК коментираат дека нивните одлуки каде да инвестираат имаат значителен ефект.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП