
Деветтиот по ред Фестивал на виното „Вино Скоп“ започнува во среда вечер на паркингот зад спортската сала „Борис Трајковски“ кај Аква Паркот.


Деветтиот по ред Фестивал на виното „Вино Скоп“ започнува во среда вечер на паркингот зад спортската сала „Борис Трајковски“ кај Аква Паркот.
Покровител и на оваа традиционална Манифестација е Град Скопје, а организатор „Темов“.
Се е подготвено за почетокот на Вино Скоп 2015, веќе се поставени 20-те штандови и шаторите на најдобрите македонски винарии: Тиквеш, Картал, Стоби, Повардарие, Визба Валандово, Лозар, Дудин, Бовин, Сковин, Пивка, Шате Сопот, Далвина, Камник и Винотека Темов.
Посетителите ќе имаат можност да уживаат во врвни вина по промотивни цени на секој од штандовите, а да пробаат и нешто поразлично на штандот со вински коктели- сангрија и вино мохито.
Доброто вино оди со добро мезе, а на фестивалот ќе има неколку места каде што ќе може да се пробаат вкусни македонски деликатеси- сирења, кашкавал, скара и сувомеснати производи. За првпат годинава на „Вино Скоп“ ќе има и веган корнер- штанд со веганска храна.
Фестивалот ќе го отвори Дј Тина во 17 часот, а по неа следуваат Chill Play, Eye Cue, Тајзи и гостите од Црна Гора и Србија- Бојан Маровиќ и Дејан Цукиќ-Цуки.
Како и секоја година, така и оваа традиционално плаќањето ќе се врши со фестивалски бонови, кои посетителите ќе може да ги купите на влезовите на фестивалот.
Организаторите апелираат до посетителите да конзумираат одговорно и да не возата додека пијат.