4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСаем за вработување се одржа во Прилеп

Саем за вработување се одржа во Прилеп

saem prilep vrabotuvanje 33

Агенцијата за Вработување на Република Македонија денеска го започна вториот по ред караван на Саеми за Вработување низ државата, каде на сите граѓани им се овозможува шанса преку модерен и интерактивен пристап да стапат во контакт со многубројни и можни идни работодавачи. Првата дестинација на овој нов караван на Саеми за вработување беше градот Прилеп.

„Денеска го започнавме вториот по ред караван на Саеми за вработување, а како за нов почеток го одбравме Прилеп. Како што можевме да видиме од првиот караван каде во склоп на Саемите за Вработување ја обиколивме Македонија и посетивме осум градови меѓу кои Скопје, Неготино, Штип, Охрид, Струмица, Битола, Куманово и Тетово, успеавме да ја намалиме невработеноста во државата, да помогнеме на голем број граѓани да го пронајдат своето ново работно место и на работодавачите да го зголемат бројот на своите кадри, а со тоа и квалитетот на нивните услуги и производи за сите заинтересирани да го пронајдат она кое што го бараат и со тоа да ја подобрат својата иднина и кариера“, изјави Влатко Поповски, директор на Агенцијата.

На настанот се обрати и прилепскиот градоначалник Марјан Ристески кој ги поздрави одлуките на големите компании, да инвестираат во прилепскиот регион.

„Се радувам што една компанија како Гентерм ќе работи и произведува во овој регион, а со тоа ќе овозможи нови работни места за Прилепчани, кои сè почесто освен што бараат работа, користат владини мерки за намалување на невработеноста во Македонија“, изјави Ристески.

На свеченото отворање на новиот караван за саемите за вработување, изјава пред новинарите и присутните граѓани даде и Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, кој ги посети штандовите на работодавачите и поразговара со нив.

„Со самиот факт што на овој саем учествуваа 40-тина компании и информацијата дека добивме повеќе од 2000 CV-а, говори дека овој саем е успешен. Караванот Саеми за Вработување продолжува оваа година со една и единствена цел: Да се намали невработеноста во Македонија. Ова е можност да се презентира владиниот проект Македонија Вработува кој за кратко време даде извонредни резултати,“ рече Спасов.

Следниот саем за вработување се најавува во Велес на 7-ми октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП