4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманскиот гувернер предупредува на опасност од евтините пари

Германскиот гувернер предупредува на опасност од евтините пари

584761_jens-vajdman01reutersfoto-reuters_orig

Падот на цените на нафтата ќе им донесе заштеда на германските компании и граѓани во оваа година околу 25 милијарди евра, изјави германскиот гувернер Јенс Вајдман, предупредувајќи истовремено на опасноста која со себе ја носи прениската цена на парите.

„Експанзивната монетарна политика не би требало да се спроведува подолго од тоа што е апсолутно нужно“, рече Вајдман, оценувајќи дека економското закрепнување во еврозоната е стабилно.

Неговите зборови ја одразуваат континуираната скепса во Германија во поглед на тоа дали треба Европската централна банка (ЕЦБ) да ја прошири монетарната програма која тежи 1.000 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП