27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМаџунков, Јанкуловски, Хиса и Димитријевски добитници на наградата „11 Октомври“

Маџунков, Јанкуловски, Хиса и Димитријевски добитници на наградата „11 Октомври“

manmandz

Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“, согласно Законот за државните награди, на својата последна седница донесе Одлуказа доделување на државната награда „11 Октомври“ во 2015 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.

За животно дело во областа на културата и уметноста, наградата му се доделува на академик Митко Маџунков, писател.

За животно дело во областа на науката и образованието, наградата им се доделува на проф. д-р Никола Јанкуловски, дигестивен хирург; проф. д-р Махмуд Хиса, професор по албански јазик; проф. д-р Марјан Димитријевски, историчар и научен работник.

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 11 октомври 2015 година во 12 часот во Собранието на Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП