24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија напреднала три места на листата на конкурентност

Македонија напреднала три места на листата на конкурентност

World-Economic-Forum-Global-Competitiveness-Ranking-2011

Македонија напреднала три места на листата на конкурентност и се наоѓа на 60 место од 140 држави, а швајцарската економија и натаму важи за најконкурентна на светот, покажа најновиот извештај на Светскиот економски форум (WEF) за 2015-2016 година.

Во извештајот конкурентноста се дефинира како „збир на институции, политики и фактори кои го одредуваа нивото на продуктивноста на одредена земја“. Извештајот содржи и резултати од анкети меѓу бизнисмените за ефикасноста на власта и транспарентноста.

Извештајот е базиран врз 12 параметри, а Македонија на скалата од 1 до 7 е оценета со просечна оценка од 4,28, додека во минатогодишниот извештај била оценета со 4,26.

Во овогодишниот извештај, Македонија е најдобро рангирана во категоријата ефикасност на пазарот на стоки, каде се наоѓа на 33 место со оценка 4,65.

Најдобри оценки,пак, Македонија има во категориите здравство и основно образование 5,61, но се наоѓа на 76 место и во категоријата макроекономско опкружување каде е оценета со 5,09 и се наоѓа на 47 место.

Најлоша оценка и најниско рангирана Македонија е во категоријата големина на пазарот, каде се наоѓа на 108 место со оценка 2,94. Македонија се наоѓа на 84 место во категоријата ефикасност на пазарот на труд со оценка 4,07.

Од државите во регионот, едно место пред Македонија е Словенија, која е на 59 позиција. Следат Црна Гора на 70, Грција 81, Хрватска 89, Албанија 93, Србија 94 и БиХ на 111 место.

Како и во претходниот извештај, зад Швајцарија, следат Сингапур и САД. Германија е четврта, а петта Холандија. Шеста е Јапонија, а седми е Хонг Конг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП