28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Германија стапката на невработеност на историски минимум

Во Германија стапката на невработеност на историски минимум

Berlin7777775666666666

Стапката на невработеност во Германија во месец септември беше на историскиот минимум, а економијата и понатаму зема замав, покажуваат официјалните податоци објавени денес.

Овој месец, стапката на невработеност изнесуваше 6,4 проценти, што е иста вредност како и во месец август. Тоа е најниската стапка од кога западна и источна Германија се обединија во 1990 година, објави националниот Завод за статистика.

Бројот на лица кои се регистрирани како невработени во Германија во моментов е 2,795 милиони.

Стапката на невработеност обично се намалува во есен, кога учениците и студентите се враќаат од летниот одмор во училиштата и факултетите и бараат работни места на кои ја обавуваат праксата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП